Вести

Вести

Се одржа 3-тата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

На 13-ти ноември 2023 година, во Софија се одржа 3-тата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот  претседаваше г-ѓа Ангелина Бонева, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија  и копретседаваше  г-дин Вулнет Арифи раководител на сектор за ЕУ програми во министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија 

На присутните  им се обрати г-ѓа Габи Хагмулер, претставник на Европската комисија.

Interreg ден на соработка - Струмица

Со одржување на неколку настани во детските градинки и на велосипедските патеки, на 26 октомври 2023 година во Струмица беше одбележан Интгеррег денот на соработка 2023. На одбележувањето присуствуваа гости и бенефициенти на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од двете држави.

Interreg Ден на соработка 2023 – Посилни заедно – Зелен регион за прекугранична соработка за одржлива иднина

Возбудени сме што можеме да ви ја упатиме нашата најтопла покана за претстојниот Interreg ден на соработка, настан кој ветува дека ќе го слави единството, одржливоста и извонредните резултати од соработката во регионот за прекугранична соработка. 

Детали за настанот: 

Датум: 26 октомври 2023 година 

Време: 10:30 часот во градинка Виножито Струмица, 

Отворен повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

07.06.2023

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021- 2027 објави на 07.06.2023 година Отворен повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ (No 2021TC16IPCB006 – 2023-3).

Започна информативната кампања во рамки на Отворениот повик за инвестициски проекти од Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

Заедничкиот секретаријат на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 -2027 организира 2 Информативни денови и Форум за пронаоѓање на партнери, со цел да го промовира својот Отворен повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ - ref. No 2021TC16IPCB006 – 2023-3.

Отворен повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021- 2027 објави на 07.06.2023 година Отворен повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ (No 2021TC16IPCB006 – 2023-3).

Се одржа Форумот за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти

На 06 јуни 2023 година, во Благоевград, Република Бугарија се одржа Форумот за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти. Настанот беше организиран од Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија во соработка со Управувачкиот Орган и Националниот орган по Програмата.

Во форумот учествуваа повеќе од 50 претставници на регионални и локални администрации, невладини организации, образовни и културни институции, природни паркови и др. од прекуграничниот регион на Програмата.

Заврши Информативната кампања по првиот повик за аплицирање со проектни концепти

Успешно заврши Информативната кампања со информативни денови за потенцијални кандидати по првиот повик за аплицирање со проектни концепти на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија. Целта на спроведените обуки беше да се разјаснат на потенцијалните кандидати основните барања за развој на проектните концепти и да им бидат дадени практични совети за подготовка на сите документи за апликација.

Информативните денови за потенцијални кандидати беа резлизирани на следните дати и места:

Се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

На 6-ти декември 2022 година, во Струмица  се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот  претседаваше г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија и копретседаваше  г-ѓа Десислава Георгиева, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.