Interreg ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Северна Македонија 2014-2020 направи значајна инвестиција од 7.272.206 евра за зајакнување на туристичкиот потенцијал на регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природното и културното наследство на регионот. Овие финансиски средства ја олеснија реализацијата на бројни проекти насочени кон подобро зачувување и одржливо користење на природното и културното наследство на областа.
Меѓу 16-те завршени проекти, за одбележување се: изградба на модерен туристички информативен центар во Старо Нагоричане, реконструкција на средновековната црква „Свети Архангел Михаил“ во Рила, санација на општинските центри на заедницата во Секирник и Рибново, изградба патишта за транспорт и пешачки пристап до природното обележје „Водопад Полска Скакавица“ во општина Ќустендил, поставување урбана опрема за туристичката населба Мантово, општина Конче, создавање на инфо центар во Пехчево и плоштад во с.Брезница, изградба локален пат кон Липковското Езеро во Липково и пристапни патишта до туристичките локации во Сатовча, обезбедување опрема за Културно информативниот центар „Романса“ во Македонска Каменица и реновирање на Центарот на заедницата „Георги Тодоров-1885“ во Белица, изградба на систем за снабдување со вода во туристичката населба Беровско Езеро и изградба на објекти во паркот Свети Врач во Сандански.
Дополнително, преземени се различни реставраторски, конзерваторски и реконструктивни зафати, како што се реставрацијата на Саат-кулата и турската бања во Дојран, Кадин мост во Невестино, средновековната црква „Свети Власие“ во Штип. Понатаму, проектите како изградба на еко-патека што ја поврзува црквата Успение на Богородица со водопадот Скакавица и пешачките патеки околу манастирот Свети Леонтиј Водоча, Струмица и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, ја покажува посветеноста на одржливи туристички практики.
Овие проекти колективно придонесуваат за зачувување и промоција на културното и природното наследство на регионот, што го прави уште попримамлива дестинација за туристите и локалното население.