Документи

Документи

Прирачник за имплементација на проекти - верзија 02/2026

Ажурираната верзија 2/2026 од Прирачникот за имплементација на проектот (PIM) во рамките на Приоритет 1. Позелен пограничен регион и Приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ од Програмата (INTERREG VI-A) IPA Бугарија-Северна Македонија 2021–2027 е достапна подолу и овде: PIM, Annexes.

Објаснување за пополнување на Прилог А8 'Процена на отпорност на климатски промени'

За целите на подготовка на проектни предлози во рамки на објавени отворени Покани за предлог проекти, типовите инфраструктури се определени според дозволените трошоци и барањата согласно националното законодавство на земјите-партнери.

За правилно пополнување на Прилог А8. „Процена на отпорноста кон климатски промени“, Управувачкиот орган изработи насоки со детални инструкции за овој процес.

Нов Прирачник за Користење на Заедничкиот Електронски Систем за Следење (JEMS) v.12

Со задоволство ве информираме дека е објавен ажурираниот Прирачник за Користење на JEMS верзија 12.
Прирачникот нуди сеопфатни насоки за корисниците и програмските органи за ефикасно користење на системот.
Новиот Прирачник можете да го најдете [ТУКА].
Оваа надградба е дел од нашата заложба за транспарентност, олеснет пристап до алатките и успешна имплементација на проектите во рамките на Interreg програмите.

JeMS - Заеднички електронски систем за следење - Упатство за употреба

За да пристапите до JeMS упатството за употреба, одете ТУКА

ВАЖНО: во горниот десен агол на страницата на Упатството за употреба изберете ја верзијата на која работите (верзија 12)