Ограничен повик за предлог на стратешки проект

Ограничен повик за предлог на стратешки проект

Презентација на извештајот за оцена на влијанието врз животната средина за стратешкиот проект „Воспоставување на нов граничен премин Струмјани - Берово (Клепало)“ на јавни расправи

Во селата Струмјани и Цапарево се одржаа јавни расправи за Извештајот за оцена на влијанието врз животната средина  во врска со имплементирањето на стратешкиот проект „Воспоставување на нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“.

Инвестициониот предлог опфаќа изградба на граничниот премин „Струмјани – Берово“, заедно со потребната пристапна инфраструктура, вклучително и патот III-1008 „Струмјани – ГП Клепало“.

JeMS - Заеднички електронски систем за следење - Упатство за употреба

За да пристапите до JeMS упатството за употреба, одете ТУКА

ВАЖНО: во горниот десен агол на страницата на Упатството за употреба изберете ја верзијата на која работите (верзија 12)

 

Официјален настан за одбележување на почетокот на активностите во рамките на стратешкиот проект „Воспоставување на нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“

На 7 октомври 2024 година, во Берово, се одржа официјалниот настан за одбележување на почетокот на активностите во рамките на стратешкиот проект „Воспоставување на нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“. Проектот е дел од Interreg VI-A ИПА програмата Бугарија - Северна Македонија, чија цел е подобрување на прекуграничното поврзување и економската соработка меѓу двете земји. 

Извршена обука за бенефициенти на Стратешкиот проект во Скопје

На 11 март 2024 година, во соработка помеѓу Националната орган - Министерството за локална самоуправа и Заедничкиот секретаријат на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија, беше организирана обука за бенефициентите на стратешкиот проект „Воспоставување на нов граничен премин Берово - Стумјани („Клепало“) помеѓу Бугарија и Северна Македонија“.