Четвртата седница на Комитетот за следење на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија се одржа во Дојран на 27 март 2024 година. Со сотанокот председаваше заменик министерот за локална самоуправа, г-дин Мики Крстев, и заменик министерката за регионален развој и јавни работи, г-ѓа Ангелина Бонева, а на средбата учествуваа претставници од Генералниот директорат за регионална и урбана политика (DG REGIO), г-ѓа Габи Хагмюлер, претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Управувачкиот и Националниот орган и членовите на Комитетот за следење.
Дневниот ред на средбата вклучуваше усвојување на Територијалната стратегија (ТС) на ПрограматаПрограмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021—2027, информации за процесот на идентификација на проектни идеи и претставување на Прилог 1 - списокот на усвоени проектни идеи. Покрај тоа, на средбата беше претставено и Упатството за идентифицираните кандидати за изработка и поднесување на целосни проектни предлози по Приоритет 3 на Програмата "Интегриран развој на трансграничниот регион", како и информации за имплементирање на стратегискиот проект "Изградба на нав граничен премин Берово - Струмјани („Клепало“)" меѓу Бугарија и Северна Македонија". Покрај тоа, на средбата се разговараше и за резултатите од оценката на проектните предлози, добиени како резултат на Отворениот повик за инвестициски проекти по Приоритет 1 "Позелен трансграничен регион".
Четвртата седница на Комитетот за следење ја потврди неопходната ангажираност на сите заинтересирани страни за напредок на регионалната соработка и развојот, поставувајќи основа за идни заеднички иницијативи помеѓу Бугарија и Северна Македонија.
Пред средбата, учесниците имаа можност да ги посетат обновените и реставрираните објекти во рамките на Проектот CB006.2.21.108 "Оживување на безвременските симболи на Дојран и Невестино", Турската бања и Саат кулата во Дојран. Оваа посета е конкретна демонстрација на успешните резултати од напорите за прекугранична соработка, истакнувајќи ја значајноста на заедничките напори во регионот.