Во 2023 година Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија додели договор за услуга за евалуација на влијанието на Интеррег програмите за прекугранична соработка, кофинансирани во рамките на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 година, управувани од Република Бугарија.
Евалуацијата беше спроведена во периодот март - ноември 2023 година од страна на Африт ООД и дава анализа на степенот на постигнување на програмските резултати и индикатори за резултати и нивната усогласеност со поставените цели на програмата, како и долгорочното влијание на интервенциите на програмите на прекуграничната област, проектните партнери и целните групи. Препораките за имплементација на програмата за периодот 2021-2027 година преку сумирање на научените лекции од имплементацијата на програмaтa/проектите во периодот 2014-2020 се претставени и во Извештајот за оценка на влијание.
Збирниот Извештај за оценка на влијанието и Резимето на евалуацијата се приложени тука.
Attachment | Size |
---|---|
Извештај за оценка на влијанието | 1.18 MB |
Резиме на евалуацијата | 530.05 KB |