Прв повик за проектни концепти во рамки на Територијалната стратегија
Прв повик за проектни концепти во рамки на Територијалната стратегија
Одобрени се 8 проекти во вкупна вредност од 7,7 милиони евра во рамките на програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија
Одобрени се првите 8 проекти, со вкупна вредност од 7,7 милиони. евра по Приоритетот 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ на Програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027, што го означува почетокот на вистинската имплементација на интегрираната територијална стратегија во рамките на програмата и поконкретно развивање на атрактивен, туристички производ за сите сезони преку интелигентни решенија.
Што новото?
JeMS - Заеднички електронски систем за следење - Упатство за употреба
За да пристапите до JeMS упатството за употреба, одете ТУКА
ВАЖНО: во горниот десен агол на страницата на Упатството за употреба изберете ја верзијата на која работите (верзија 12)
Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Територијалната стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија заврши со 10 апликации
Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Територијалната стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија официјално е затворен. До крајниот рок на 30 јули 2024 година во 17:00 часот по источноевропско време, добивме вкупно 10 целосни предлози за проекти преку системот за е-апликации JeMS.
Потсетување: Крајниот рок за поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) се приближува!
Сакаме да ги потсетиме сите потенцијални апликанти дека крајниот рок за поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) по Територијалната стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија Северна Македонија брзо се приближува!
📅 Краен рок за поднесување: 30 јули 2024 година
🕔 Време: 17:00 (EET - Бугарско време)
Прашања и одговори пo Упатството за идентифицирани кандидати за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамки на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти
Прашања и одговори пo Упатството за идентифицирани кандидати за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамки на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) по Територијалната стратегија на Програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија (No 2021TC16IPCB006 – 2024-4).
Успешно завршување на серијата обуки за апликанти на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) по Територијалната стратегија
Задоволство ни е да го објавиме успешното завршување на серијата обуки наменети за апликанти на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија.
Целен повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) по Територијалната стратегија на Програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија
Оперативната единица
и Стратешкиот совет
на Програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија 2021-2027
објавува
Целен повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП)
во рамки на Територијалната стратегија на Програмата
4-то заседание на Стратешкиот совет на територијалната стратегија во рамките на Програмата Interreg VI-A Бугарија - Северна Македонија - 09.02.2024 година, Сандански
На 9-ти февруари 2024 година се одржа четвртото заседание на Стратешкиот одбор на територијалната стратегија по приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“. Со состанокот претседаваше г-дин Живко Иванов, а копретседаваше г-ѓа Андреа Златковска.