Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Територијалната стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија заврши со 10 апликации

Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Територијалната стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија заврши со 10 апликации

Priority 3 “Integrated Development of the Cross-Border Region”

Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Територијалната стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија официјално е затворен. До крајниот рок на 30 јули 2024 година во 17:00 часот по источноевропско време, добивме вкупно 10 целосни предлози за проекти преку системот за е-апликации JeMS. 

Овој повик, објавен на 30 април 2024 година, понуди вкупен износ на финансирање од 8.143.233 евра. Доставените предлози сега ќе влезат во фаза на евалуација, каде што ќе се избираат најдобрите проекти усогласени со стратешките цели на програмата. 

Им се заблагодаруваме на сите учесници за нивниот вреден придонес и се радуваме на позитивните ефекти врз регионалната соработка што ќе ги донесат овие проекти. Ќе следат дополнителни информации за процесот на евалуација и избраните проекти.