Успешно завршување на серијата обуки за апликанти на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) по Територијалната стратегија

Успешно завршување на серијата обуки за апликанти на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) по Територијалната стратегија

Обука за апликанти по Целен повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП)

Задоволство ни е да го објавиме успешното завршување на серијата обуки наменети за апликанти на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија. На обуките, кои се одржаа од 29 мај 2024 до 7 јуни 2024 година во просториите на Заедничкиот секретаријат во Ќустендил, активно учествуваа претставници на 62 организации апликанти вклучени во 11 проекти одобрени за финансирање во рамките на Специфичната цел 1.2 „ Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони преку интелигентни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество “ на Територијалната стратегија.

За време на овие сесии, учесниците добија опширни насоки од претставниците на Заедничкиот секретаријат и Управувачкиот орган. Клучните елементи на Водичот за идентификувани апликанти за развој и поднесување на целосни предлогза проекти (Водич за склучување договори) беа прецизно претставени во детали. Фокусните области на обуката ги вклучуваа:

Буџет и интензитет на подршката: Детални информации за финансиските аспекти и степенот на поддршката обезбедена во рамките на програмата. 

Анекси и прилози: појаснувања за потребната документација што ќе ги придружува проектните предлози. 

Проектни партнери: Насоки за соработка и улоги на проектните партнери. 

Буџетски категории: Поделба и објаснување на различни буџетски категории релевантни за предлог проектите. 

Правни и подобни документи: Инструкции за документите потребни за да се потврди законитоста и подобноста на предложените инвестиции. 

Процес на проверка и склучување договори: Преглед на фазите вклучени во евалуацијата и склучувањето договори на проектите.

Покрај теоретската обука, апликантите имаа можност да се вклучат во практична работилница фокусирана на процесот на аплицирање и електронско поднесување во рамките на системот JeMS. Оваа работилница им овозможи на учесниците практично искуство, овозможувајќи им да се запознаат со техничките аспекти на поднесување на нивните предлог проекти. Учесниците исто така можеа да поставуваат прашања и да добијат појаснувања за секоја тема опфатена за време на обуката.

Крајниот рок за поднесување на целосните предлог проекти е  до 30 јули 2024 година – 17:00 часот (EEST). Ги охрабруваме сите апликанти да ги искористат ресурсите и знаењето стекнато за време на овие обуки за успешно да ги подготват и поднесат своите предлог проекти.

Уверени сме дека оваа серија на обуки ги запозна учесниците со потребните алатки и информации за да развијат висококвалитетни предлог проекти, кои ќе придонесат на севкупните цели на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија.

Таг