Оперативната единица
и Стратешкиот совет
на Програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија 2021-2027
објавува
Целен повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП)
во рамки на Територијалната стратегија на Програмата
Повикот е наменет за кандидатите чиишто концепти ја поминале првата фаза на идентификација и добиле покани за развој и поднесување целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Програмскиот приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“. Секој целосен предлог проект се базира на идентификуван проектен концепт, кој Стратешкиот совет (СС) на Програмата го вклучил во листата на идентификувани проектни идеи (вклучувајќи и резервни проектни идеи), - како дел од Територијалната стратегија на Програмата. Територијалната стратегија со Анекс 1 Список на идентификувани проектни идеи (вклучувајќи и резервни проектни идеи) беше одобрена од Комитетот за следење (КС) со Одлука од 27 март 2024 година.
Аплицирањето со комплетни предлог проекти треба да придонесе за постигнување на Специфичната цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони преку интелигентни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“ на територијалната стратегија. Специфичната цел 1.2 ги вклучува следните области на интервенција поврзани со туризмот:
• Мобилност и поврзување, вкл. алтернативна мобилност;
• Брендирање и маркетинг на туристички производи во прекуграничниот регион;
• Зголемување на вработеноста во туристичкиот сектор, зајакнување на врските помеѓу културните и природните локалитети и туризмот и животната средина;
• Акции за намалување на ранливоста на услугите во туристичкиот сектор
Кратки информации за целниот повик за целосни предлог проекти и документите за аплицирање (Водич за идентификувани апликанти за развој и поднесување на целосни предлог проекти (Водич за договори) се достапни на следните интернет страници:
https://ipa-bgmk.mrrb.bg
www.mrrb.government.bg
www.eufunds.bg
http://mls.gov.mk/
Вкупниот буџет на повикот е 8.143.233 евра.
Крајниот рок за поднесување на целосни предлог проекти преку JeMS е 30 јули 2024 година, 17:00 часот EEST (16:00 часот) CEST.
За дополнителни информации можете да ја контактирате Оперативната единица на Територијалната стратегија на е-пошта operational.unit.kyustendil@gmail.com
Главна канцеларија Ќустендил: телефон +359 (0) 78 58 01 01;
подружница Струмица: телефон + 389 (0)34 330 331.
Водичот за договори со сите документи можете да го најдете ТУКА
Attachment | Size |
---|---|
Targeted Call FPP.rar | 6.85 MB |