Вести

Вести

Се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

На 6-ти декември 2022 година, во Струмица  се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот  претседаваше г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија и копретседаваше  г-ѓа Десислава Георгиева, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Дискусија за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата 2021 - 2027

Министерството за регионален развој и јавни работи, како Управувачки орган (УО) на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година на 20 јануари 2022 година преку Webex  платформата организираше дискусија за  за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата и за Територијалната стратегија за интегрирани мерки.

Јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС)во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во својство на Национален орган (НО) на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година, оствари 3 јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС), задолжени според чл. 61, 69 и 70 од Законот за животна средина и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Република Македонија“ 147/08  и 45/11).

Работна средба во врска со кампањата за собирање проектни идеи кои ќе се спроведуваат во рамките на Територијалната стратегија за интегрирани мерки

Заменик министерот за регионален развој и јавни работи и раководител на Управувачкиот орган на Програмата за прекугранична соработка INTERREG - ИПА меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, г-ѓа Нина Стоименова одржа работна средба во Благоевград со локалните власти, НВО, музеи, центри на заедницата и претставници на граѓанското општество од Југозападна Бугарија во врска со Кампањата започната на 9 ноември за собирање проектни идеи за имплементација во рамките на Интегрираната територијална стратегија, која е дел од Програмата.

Прашања и одговори во врска со Водичот за аплицирање со проектни концепти (Повик 1) во рамките на Територијалната стратегија

12.07.2023

Прашања и одговори во врска со Водичот за аплицирање со проектни концепти (Повик 1) во рамките на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 - 2027, Специфична цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паме

Поднесени се 24 проектни идеи за развој на туризмот во прекуграничниот регион Бугарија - Северна Македонија

25.07.2023

Вкупно 24 проектни концепти се пријавени на првиот повик од Територијалната стратегија на Програмата Бугарија-Северна Македонија 2021-2027 година.