Вести

Вести

Анкета за сите заинтересирани: Вашето мислење е важно за нашата Програма!

Управувачкиот орган на Програмата за прекугранична соработка Interreg – ИПА помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 најљубезно Ве поканува да учествувате во анкетата за мониторинг на резултатите на програмата кои се користат за мерење на нејзините цели. Проучувањето ке биде отворено за сите заинтересирани до 30 август 2024 год.

Успешна онлајн обука за имплементација на проекти од приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

На 11 јули 2024 година, беше спроведена онлајн обука за бенефициентите вклучени во имплементација на проекти од Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“. Овој настан се одржа на платформата Webex и во него земаа учество претставници од сите пет проекти кои потпишаа договори за грант на почетокот на овој месец. 

Ограничен повик за предлог-проект за управување пo приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ на Interreg VI-A ИПА програмата Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021- 2027 година објави на 02.07.2024 година Ограничен повик за предлог-проект за управување по Приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ (ref. No 2021TC16IPCB006 – 2024-4)

Потпишани договори за проекти во вредност од 4,1 милион евра по приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

На 1 јули 2024 година, во Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија беа потпишани договорите за петте одобрени предлог-проекти по Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија, со вкупна вредност од 4,1 милиони евра. 

Проектите се:

  • проект BGMK0300051 со име: „Прекуграничен пакт за зелен пулс“ со вкупна вредност од 945 135 евра и  проектни партнери општина Петрич и општина Струмица 

Одобрените проекти од Приоритет 1 добија зелено светло и од Регионалниот совет за развој на југозападниот регион на Република Бугарија

Регионалниот совет за развој на југозападниот плански регион на Република Бугарија издаде писма за поддршка на бугарските партнери во петте одобрени предлог-проекти во рамките на Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ од програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија. Во писмата се изразува позитивното мислење дека планираните активности ќе имаат значително влијание врз социо-економскиот развој, со што ќе се подобри благосостојбата на жителите од регионот и ќе се обезбедат повеќе места за рекреација во урбаните простори.

Успешно завршување на серијата обуки за апликанти на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) по Територијалната стратегија

Задоволство ни е да го објавиме успешното завршување на серијата обуки наменети за апликанти на Целниот повик за развој и поднесување на целосни предлог проекти (ЦПП) во рамките на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија.

Таг

Покана за учество во ЕУ консултации за следните програми на Interreg

Почитувани,

Го имаме за задоволството да Ве поканиме да учествувате во консултациите што се спроведуваат ширум ЕУ, чија цел е да се обликува насоката на следните програми Interreg. Додека се движиме низ пејзажот кој постојано се менува и развива, од клучно значење е да се приспособиме и соодветно да ги прилагодиме нашите стратегии. 

Истражете ја соработката, откријте ги придобивките

Interreg ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Северна Македонија 2014-2020 направи значајна инвестиција од 7.272.206 евра за зајакнување на туристичкиот потенцијал на регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природното и културното наследство на регионот. Овие финансиски средства ја олеснија реализацијата на бројни проекти насочени кон подобро зачувување и одржливо користење на природното и културното наследство на областа.