Отворена покана

Отворена покана

Успешна онлајн обука за имплементација на проекти од приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

На 11 јули 2024 година, беше спроведена онлајн обука за бенефициентите вклучени во имплементација на проекти од Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“. Овој настан се одржа на платформата Webex и во него земаа учество претставници од сите пет проекти кои потпишаа договори за грант на почетокот на овој месец. 

Потпишани договори за проекти во вредност од 4,1 милион евра по приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

На 1 јули 2024 година, во Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија беа потпишани договорите за петте одобрени предлог-проекти по Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија, со вкупна вредност од 4,1 милиони евра. 

Проектите се:

  • проект BGMK0300051 со име: „Прекуграничен пакт за зелен пулс“ со вкупна вредност од 945 135 евра и  проектни партнери општина Петрич и општина Струмица 

Одобрените проекти од Приоритет 1 добија зелено светло и од Регионалниот совет за развој на југозападниот регион на Република Бугарија

Регионалниот совет за развој на југозападниот плански регион на Република Бугарија издаде писма за поддршка на бугарските партнери во петте одобрени предлог-проекти во рамките на Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ од програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија. Во писмата се изразува позитивното мислење дека планираните активности ќе имаат значително влијание врз социо-економскиот развој, со што ќе се подобри благосостојбата на жителите од регионот и ќе се обезбедат повеќе места за рекреација во урбаните простори.

Отворен повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

07.06.2023

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021- 2027 објави на 07.06.2023 година Отворен повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ (No 2021TC16IPCB006 – 2023-3).

Започна информативната кампања во рамки на Отворениот повик за инвестициски проекти од Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

Заедничкиот секретаријат на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 -2027 организира 2 Информативни денови и Форум за пронаоѓање на партнери, со цел да го промовира својот Отворен повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ - ref. No 2021TC16IPCB006 – 2023-3.