Заедничкиот секретаријат на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 -2027 организира 2 Информативни денови и Форум за пронаоѓање на партнери, со цел да го промовира својот Отворен повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ - ref. No 2021TC16IPCB006 – 2023-3.
Повикот е насочен кон специфична цел „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“ и има за цел да ги идентификува предлог проектите кои ќе придонесат за развој на „зелена“ инфраструктура во урбаните и периурбани области, чиишто широки ефекти ќе имаат позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат работни места и ја подобруваат биолошката разновидност.
Овие настани се дизајнирани со цел да ги спојат Управниот орган, Националниот орган, Заедничкиот секретаријат и потенцијалните апликанти и да ги запознаат со главните правила на Отворениот повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“.
Инфо деновите и Форумот за пронаоѓање на партнери се бесплатни, но претходна регистрација е задолжителна за секое лице кое сака да присуствува на некој од настаните. Нема ограничувања во однос на бројот на присутни по институција, но Ве молиме да го ограничите на максимум 2-3 лица по институција, поради и онака огромниот интерес на заинтересираните. Настанот закажан во Бугарија ќе се спроведува на бугарски, а настаните во Северна Македонија на македонски јазик. Содржината на презентациите ќе биде иста во сите закажани Инфо денови!
Деталната агенда ќе биде достапна наскоро. Настаните се закажани на овие локации:
Информативен ден - 04 јули 2023 @ 11:00 EET - Интерхотел Сандански, сала „Сандански“, Сандански, Бугарија (локација: 41°34'03.1"N 23°16'58.4"E / 41.567529, 23.282892)
Информативен ден и Форум за пронаоѓање на партнери - 11 јули 2023 @ 11:00 CET - Еуро Хотел Градче, Кочани, Северна Македонија (локација:41°57'49.5"N 22°24'24.7"E / 41.963747, 22.406863)