На 1 јули 2024 година, во Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија беа потпишани договорите за петте одобрени предлог-проекти по Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија, со вкупна вредност од 4,1 милиони евра.
Проектите се:
проект BGMK0300051 со име: „Прекуграничен пакт за зелен пулс“ со вкупна вредност од 945 135 евра и проектни партнери општина Петрич и општина Струмица
проект BGMK0300.053 со име: „ПАРКОВИ – заштита на територии преку регионално знаење и одржливост“ со вкупна вредност 894 829 евра, и проектни партнери општина Дупница и општина Крива Паланка;
проект BGMK0300055 со име: „Да ја поканиме природата во нашите градови“ со вкупна вредност од 866 534 евра проектни партнери Општина Банско и Општина Виница;
проект BGMK0300060 со име „Трансформација на урбани објекти со зелени инфраструктури“ со вкупна вредност од 867 653 евра и проектни партнери општина Гоце Делчев, општина Штип и Источен плански регион;
проект BGMK0300064 насловен „Урбано уредување за здраво дишење“ - за вкупна вредност од 541 709 евра и проектни партнери општина Ќустендил, општина Куманово и Североисточен плански регион.
Проектите исполнуваат активности по специфична цел „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“ што ќе придонесе за развој на „зелена“ инфраструктура во урбаните и периурбани области, чиишто широки ефекти ќе имаат позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ќе ја поддржуваат зелената економија, создаваат работни места и ќе ја подобрат биолошката разновидност.