Интегрирана територијална стратегија

Интегрирана територијална стратегија

Прашања и одговори во врска со Водичот за аплицирање со проектни концепти (Повик 1) во рамките на Територијалната стратегија

Прашања и одговори во врска со Водичот за аплицирање со проектни концепти (Повик 1) во рамките на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 - 2027, Специфична цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“.

Се одржа Форумот за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти

На 06 јуни 2023 година, во Благоевград, Република Бугарија се одржа Форумот за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти. Настанот беше организиран од Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија во соработка со Управувачкиот Орган и Националниот орган по Програмата.

Во форумот учествуваа повеќе од 50 претставници на регионални и локални администрации, невладини организации, образовни и културни институции, природни паркови и др. од прекуграничниот регион на Програмата.

Заврши Информативната кампања по првиот повик за аплицирање со проектни концепти

Успешно заврши Информативната кампања со информативни денови за потенцијални кандидати по првиот повик за аплицирање со проектни концепти на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија. Целта на спроведените обуки беше да се разјаснат на потенцијалните кандидати основните барања за развој на проектните концепти и да им бидат дадени практични совети за подготовка на сите документи за апликација.

Информативните денови за потенцијални кандидати беа резлизирани на следните дати и места:

Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти

Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 со задоволство ги поканува сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 06 јуни 2023 год. (вторник), во сала „22 Септември“, плоштад Георги Измирлиев – Македонче 1, 2700 Благоевград, Република Бугарија, со почеток од 13:30 часот по бугарско време (EET).

Инфо денови - најава!

Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 објавува 2 настани - Инфо дена, со цел да го промовира првиот повик за аплицирање со проектни концепти.