На 06 јуни 2023 година, во Благоевград, Република Бугарија се одржа Форумот за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти. Настанот беше организиран од Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија во соработка со Управувачкиот Орган и Националниот орган по Програмата.
Во форумот учествуваа повеќе од 50 претставници на регионални и локални администрации, невладини организации, образовни и културни институции, природни паркови и др. од прекуграничниот регион на Програмата.
Целта на форумот беше да ги запознаат учесниците со принципите на партнерство и барањата за работа во тим при подготовката на проектни концепти, како и да придонесе за воспоставување на контакти меѓу потенцијални партнери од двете држави, кои би сакале да аплицираат со заеднички проекти по првата покана.