На 28 септември 2024 година, на живописниот плоштад Велбужд во Кюстендил, се одржа Денот на Interreg соработка 2024, организиран во рамките на традиционалниот Фестивал „Плодородие“, под покровителство на Општина Кюстендил. Настанот беше посветен на прославувањето на успесите од прекуграничната соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија во рамки на Interreg VI-A IPA Програмата.
Овој настан, кој привлече широк спектар на учесници, вклучувајќи претставници од локалните заедници, институции, невладини организации, како и граѓаните, беше можност за сите присутни да ги проследат постигнувањата на програмата и да се вклучат во разговори за иднината на прекуграничната соработка.
Денот започна со свечено отворање и добредојде за присутните. Програмата беше збогатена со бројни активности кои го одразија успехот и значењето на соработката. Во текот на настанот, учесниците можеа да проследат презентации, дискусии и видеа кои ги истакнаа придобивките од спроведените проекти во рамките на нашата програма. Прикажани беа кратки видеа кои ги истакнаа убавините на прекуграничниот регион и потенцијалот за идни соработки. Тие визуелно го нагласија значењето на заедничката работа за развојот на заедничкиот простор.
Како дел од настанот, беше спроведена и анкета за собирање на мислења и предлози од учесниците за новата програмска рамка на Interreg програмата по 2027 година. Оваа анкета имаше за цел да ги идентификува приоритетите на заедницата и потенцијалните области за соработка во иднина.
Настанот беше проследен со многу позитивни коментари од учесниците, кои ја истакнаа важноста на ваквите собири за размена на идеи и искуства. Плоштадот Велбужд во Кюстендил беше место на нови пријателства, зацврстување на соработките и инспирација за идни заеднички проекти. Забавните игри и интерактивните активности, кои беа дел од програмата, ги направија присутните уште позадоволни и мотивирани.