Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021 – 2027 година, објавува консултации (во Република Северна Македонија) за Извештај за оцена на животната средина, на програмата и Прекуграничната стратегија за интегриран територијален развој.
Извештајот за оцена на животната средина за ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021 – 2027 година, финансиран од инструментот за претпристапна помош (ИПА III) и Прекуграничната стратегија за интегриран територијален развој, се подготвени во рамките на процедурите за оцена на животната средина во согласност со барањата од член 19а од Уредбата за одредбите и условите за спроведување на планови и програми за оцена на животната средина (Уредба за животната средина), во согласност со упатствата на Министерството за животна средина и водостопанство бр.EC–17/29.06.2021, за задолжително спроведување на оценка на животната средина на програмата за прекугранична соработка и Прекуграничната стратегија за интегриран територијален развој.
Извештајот за оцена на животната средина има за цел да ги одреди областа и содржината на Извештајот за оцена на животната средина. Сите засегнати страни можат да ги дадат своите мислења и препораки за областа и содржината на Извештајот за оцена на животната средина, како и предлози за проширување на областа на оцената.
Сите мислења, препораки и предлози доставени во определениот временски рок ќе бидат разгледани и имплементирани во подготовката на Извештајот за оцена на животната средина и на тој начин ќе се обезбеди постигнување на целите на процедурите на Европската Комисија за интеграција на еколошките размислувања во дизајнот на програмата и стратегијата, во делот на опасноста врз животната средина и здравјето на луѓето во процесот на нивното спроведување.
Во согласност со одредбите на Законот за животна средина, Извештајот за оцена на животната средина, се доставува на консултации на територијата на Република Северна Македонија од страна на Министерството за локална самоуправа, до јавноста и заинтересираните страни.
Извештајот за оцена на животната средина е обезбеден од страна на Министерството за регионален равој и јавни работи од Република Бугарија кое се јавува во улога на Управувачки орган на програмата, а кој, претходно е доставен до Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија, во улога на Национален орган на програмата.
Крајниот рок за доставување на мислењата е 23 август 2021 година (14 дена сметано од денот на објавените консултации).
Мислењата да се достават во електронска форма на следните електронски пошти:
1. infо@mls.gov.mk;
2. tatjana.janevska@yahoo.com;
Целиот текст на документот можете да го најдете прикачен подолу.
Attachment | Size |
---|---|
1.scoping_report_eng.pdf | 1.28 MB |