Interreg IPA CBC Programme Bulgaria – North Macedonia 2014-2020

Interreg IPA CBC Programme Bulgaria – North Macedonia 2014-2020

Истражете ја соработката, откријте ги придобивките

Мислата „Заедно е многу подобро“ отсекогаш ги поддржувала народите од нашите региони во нивниот развој. Соработката меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија датира многу пред официјализирањето на прекуграничната соработка и започна во 2003 година со програмите Phare,  CARDS и Neighbourhood Programme the Republic of Bulgaria - the former Yugoslav Republic of Macedonia во периодот од 2003 до 2006 година.

Оцена на влијанието на Интеррег ИПА програмите за прекугранична соработка во периодот 2014 - 2020

Во 2023 година Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија додели договор за услуга за евалуација на влијанието на Интеррег програмите за прекугранична соработка, кофинансирани во рамките на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 година, управувани од Република Бугарија. 

Важно за затворање на програмата 2014-2020 - Доставување извештаи и надоместување на трошоци

Почитувани проектни партнери, 

 

Со цел да се обезбеди непречено одвивање на процесот на затворање на Interreg ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2014-2020, Управувачкиот орган го разработи следниот распоред и рокови во врска со процесот на верификација на пријавените расходи од страна на бенефициентите по завршувањето на имплементација на проектите: