Ограничен повик за предлог-проект за управување пo приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ на Interreg VI-A ИПА програмата Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

Ограничен повик за предлог-проект за управување пo приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ на Interreg VI-A ИПА програмата Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

Priority 3 “Integrated Development of the Cross-Border Region”

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021- 2027 година објави на 02.07.2024 година Ограничен повик за предлог-проект за управување по Приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ (ref. No 2021TC16IPCB006 – 2024-4)

Предлог-проектот опфаќа активности насочени кон подобро управување со Територијалната стратегија (ТС), развиена за спроведување на Приоритет 3, поврзани со одржување на состаноци на стратешкиот совет, мерки за зголемување на капацитетот на членовите на Советот и Оперативната единица, организирање настани, мерки поврзани со следење на имплементацијата на ТС, набавка на опрема за олеснување на работата на Стратешкиот совет и Оперативната единица, поддршка на Стратешкиот совет во процесот на идентификување на предлог-проекти кои придонесуваат за имплементација на ТС. 

Вкупниот износ на тековниот ограничен повик за управување со предлог проекти според Приоритет 3 е 410.944 евра.

 

Подобна програмска област е:

  • За Република Бугарија (административно ниво NUTS III) - региони Ќустендил и Благоевград;

  • За Република Северна Македонија (административно ниво еквивалентно на NUTS III) – Североисточен, Источен и Југоисточен плански регион.

 

Однапред одредени корисници на овој повик се: 

• Дирекција „Управување со територијална соработка“ при Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија; 

• Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија; 

 

Крајниот рок за поднесување на предлози за проекти во Заедничкиот електронски систем за следење (Jems) е 2 септември 2024 година, 23:59 часот по локално време во Бугарија (EET).

Files
Attachment Size
GfA governance project BG-MK.pdf 1008.28 KB
Annexes.rar 192.53 KB
Attachments.rar 105.77 KB