Настани

Настани

Успешно завршен вебинар "Имплементација на стратегиските проекти од Програмите Бугарија-Северна Македонија, Бугарија-Србија и Бугарија-Турција"

На 10 јануари 2024 година, се одржа информативен вебинар на платформата Webex, фокусиран на успешната имплементација на стратегиските проекти по Intereg VI-A ИПА Програмите Бугарија-Северна Македонија, Бугарија-Србија, и Бугарија-Турција. Обуката обработи различни клучни теми, вклучувајќи техничка имплементација на преоктите, извештаи, мониторинг, модификација на договори, финансиско работење, јавни набавки, чести грешки, неправилности и измами, работење во системот JEMS, верификација и информации и видливост.

Interreg ден на соработка - Струмица

Со одржување на неколку настани во детските градинки и на велосипедските патеки, на 26 октомври 2023 година во Струмица беше одбележан Интгеррег денот на соработка 2023. На одбележувањето присуствуваа гости и бенефициенти на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија од двете држави.