Јавна дискусија за условите за аплицирање со проектни концепти по Програмски приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“
Оперативната единица на Советот за управување со територијална стратегија во рамките на програмата INTERREG-ИПА Бугарија Северна Македонија 2021-2027 ги објавува за јавна дискусија условите за аплицирање со проектни концепти во рамките на Територијалната стратегија на Програмата. Целта на повикот е да се идентификуваат проектни концепти кои би придонеле за развој на конкурентен туризам во прекуграничниот регион.