Покана за учество во јавни консултации на нацрт Територијалната стратегија за интегрирани мерки во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година

Покана за учество во јавни консултации на нацрт Територијалната стратегија за интегрирани мерки во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година

Дирекцијата “Управување со територијална соработка” во својство на Управувачки орган на Програмата за прекугранична соработка INTERREG - ИПА помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година започнува јавни консултации во врска со нацрт Територијалната стратегија за интегрирана мерки на програмата.

Програмата ќе биде финансирана во рамките на Инструментот за претпристапна помош - ИПА III,  а определените приоритети по кои ќе се финансираат заеднички прекугранични проекти се „Позелен прекуграничен регион“, „Поповрзан прекуграничен регион“ и „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.

Целта на Територијалната стратегија за интегрирани мерки е да ги задоволи потребите на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за претстојниот програмски период 2021-2027 година и да предложи мерки за одржлив економски развој на прекуграничен регион. Нивната имплементација ќе се изврши во рамките на приоритетот на програмата „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.

Целиот текст на нацрт Територијалната стратегија за интегрирани мерки во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период  2021-2027 може да се најде во прилог.

Ги покануваме заинтересираните институции, организации и граѓани да достават коментари и мислења за предложената нацрт Територијална стратегија за интегрирани мерки до 23 април 2021 година во електронска форма на e-mail адреса: e-tcm@mrrb.government.bg

Добиените предлози ќе бидат објавени на веб-страницата на програмата и ќе бидат разгледани на состанокот на Работната група за поддршка на развојот на Територијалната стратегија за интегрирани мерки на програмата.

Files
Attachment Size
strategy_draft_1.pdf 1.8 MB