Јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС)во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

Јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС)во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

pic

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во својство на Национален орган (НО) на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година, оствари 3 јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС), задолжени според чл. 61, 69 и 70 од Законот за животна средина и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Република Македонија“ 147/08  и 45/11).

Јавните расправи беа реализирани преку хибридни настани (во живо и со онлајн достап) во трите центра на планските региони и тоа: на 7.02.2022 година во Куманово за заинтересираните субјекти од Североисточниот плански регион, на 8.02.2022 година во Штип за  заинтересираните субјекти од Источниот плански регион и на 9.02.2022 година во Струмица за заинтересираните субјекти од Југоисточниот плански регион.

На Јавните расправи беа презентирани спроведените активности и подготвените нацрт документи во периодот 2019-2022 поврзани со новиот програмски период 2021-2027, Нацрт ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 и Нацрт Територијалната стратегија за интегрирани мерки како и Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за проекти во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027.