Информативна кампања за кандидати по поканата за проекти за мали и средни претпријатија (МСП)

Информативна кампања за кандидати по поканата за проекти за мали и средни претпријатија (МСП)

Заедничкиот секретаријат на Програмата Interreg VI-A IPA Бугарија - Северна Македонија 2021 - 2027 ќе спроведе информативна кампања за апликантите во рамките на Отворениот повик за предог проекти за мали и средни претпријатија по Приоритет 3 - Интегриран развој на пограничниот регион со специфична цел (SO) 1: „Зголемување на конкурентноста на локалната економија и подобрување на деловната средина“.

Повикот има за цел да поттикне инвестиции во иновативни решенија, подобрени производствени процеси, зголемена енергетска ефикасност и развој на циркуларната економија. Исто така, ќе ја стимулира интернационализацијата на бизнисот преку маркетинг стратегии и пристап до нови пазари. Големината на грантот по проект е помеѓу 300.000 и 600.000 евра, додека за индивидуални претпријатија, износите се помеѓу 100.000 и 300.000 евра.

Програмата на информативната кампања ги вклучува следните настани:

  • Информативен ден – 25 јуни 2025 година, 13:00 часот (CET), Штип, Хотел Оаза Штип

    За да го осигурате вашето учество во Штип , ве молиме пополнете го формуларот за регистрација ТУКА

  • Информативен ден и Форум за пронаоѓање на партнери – 27 јуни 2025 година, 13:00 часот (EET), Благоевград, зграда на општина Благоевград, плоштад Георги Измирлиев бр.1, Благоевград

    За да го осигурате вашето учество во Благоевград, ве молиме пополнете го формуларот за регистрација ТУКА

За време на информативните настани, експерти од Управувачкиот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ќе ги презентираат следните теми:

  • Преглед на повикот за предлог-проекти 
  • Подобност на апликантите, активности и трошоци, проценет буџет 
  • Методологија за оценување на предлог-проекти 
  • Практични упатства за аплицирање и електронско поднесување на документи

МСП кои сакаат да аплицираат, но немаат воспоставено партнерства, ќе имаат можност да воспостават контакт со други заинтересирани организации за време на Форумот за пронаоѓање на партнери , кој ќе се одржи како дел од информативната кампања во Благоевград.

Претходната регистрација за настаните во Штип и Благоевград е задолжителна (без котизација за учество).

Крајниот рок за регистрација е 20 јуни 2025 година, 14:00 часот (ЕЕТ)

Приоритет 3
Дата на публикуване