
Ј А В Е Н О Г Л А С
Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА програмата Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 CCI 2021TC16IPCB006 објавува јавен оглас за следната работна позиција:
1 (eден) експерт за инфраструктура и мониторинг во рамки на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА програмата Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2021TC16IPCB006
Кандидатите треба да ги достават следниве документи:
- Мотивациско писмо на англиски јазик;
- Кратка биографија (CV), на англиски јазик;
- Копија од универзитетска диплома (од полето на архитектура, градежно инженерство или другите студии наведени во Условите за работа
- минимум 240 EKTC, или VII/1 степен);
- Треба да се достават фотокопии од оригинални документи со кои се потврдува работното искуство наведено во нивната биографија (M1/М2 образец или договор за работен ангажман).
Документите треба да се достават во архивата на Министерството за локална самоуправа на бул. св. Кирил и Методиј 54, Скопје (зграда на Нова Македонија, II кат)
Краен рок за аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за апликација најдоцна до 18 март 2025 година најдоцна до 14:00 часот.
Кандидатите чии апликации ќе ја поминат техничката евалуација ќе бидат поканети да присуствуваат на интервју. Секој кандидат ќе биде оценет согласно бараните квалификации и искуството на следниов начин:
Образование – макс. 30 бодови;
Релевантно работно искуство – макс. 30 бодови;
Познавање на: англиски јазик/постапки за набавки и тендери – макс. 20 бодови
Претходно искуство со надзор/оценување/известување за инфраструктурни проекти – 10 бодови
Успех на интервју – 10 бодови
Условите за работа (TOR)