Ограничена покана за стратешки предлог проект во рамките на Програмата (INTERREG VI-A) ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021–2027, за изградба / рехабилитација на нов граничен премин (ГП) Берово – Струмјани

Ограничена покана за стратешки предлог проект во рамките на Програмата (INTERREG VI-A) ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021–2027, за изградба / рехабилитација на нов граничен премин (ГП) Берово – Струмјани

Министерство за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија

(Управувачки орган)

во соработка со

Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија

(Национален орган)

Објавуваат на 30 декември 2022 год. ограничена покана за стратешки предлог проект во рамките на Програмата (INTERREG VI-A) ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021–2027, за изградба/рехабилитација на нов граничен премин (ГП) Берово – Струмјани. Главната цел на стратешкиот проект е да се подобри регионалната поврзаност и да се стимулира економскиот раст на програмската област преку (1) олеснување на растечкиот сообраќај на луѓе и стоки меѓу двете земји, (2) зајакнување на комуникациските врски меѓу двете земји и (3) подобрување и проширување на пристапот до главната TEN-T, вклучувајќи го и поврзувањето со коридорите IV и VIII.

 

Следниве подобни партнери се поканети да поднесат стратешки предлог проект:

  • Назначен корисник со одлука на Советот на министри на Република Бугарија;

  • Царинска управа на Република Северна Македонија.

 

Општата цел на програмата (INTERREG VI-A) ИПА Бугарија Северна Македонија е „Зајакнување на територијалната кохезија на прекуграничниот регион Бугарија - Северна Македонија“. Програмата е кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош III (ИПА III) на Европската Унија.

 

Стратешкиот предлог проект треба да се однесува на:

     Приоритет 2 “Поповрзан пограничен регион”:

Специфична цел 2.1. „Развивање на одржлива, отпорна на климата, интелигентна и интермодална национална, регионална и локална мобилност, вклучувајќи подобрен пристап до TEN-T и прекугранична мобилност“

 

Вкупниот износ на Ограничената покана за стратешки предлог проект е  8 983 431 евра.

 

Подобна прекугранична област во која може да се спроведат подготвителните активности во рамките на Стратешкиот проект е::

  • Области Благоевград и Ќустендил на Република Бугарија;

  • Североисточен, Источен и Југоисточен плански регион на Република Северна Македонија.

 

Комплетниот пакет документи за аплицирање, вклучувајќи ги и Упатствата за аплицирање, е објавен на следните интернет страници:

 

Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 24:00 часот, по бугарско време, на 31 јули 2023 година. Поднесувањето на предлог проектите ќе се врши целосно електронски преку Заедничкиот електронски систем за управување (Jems):

 

За дополнителни информации можете да го контактирате Заедничкиот секретаријат на програмата: jtsipakyustendil@gmail.com

 

Главна канцеларија Ќустендил: тел. +359 (0) 78 58 01 01;

Подружница Струмица: тел. + 389 (0)34 330 331.

 

Пакет на документи за аплицирање:

  1. Guidelines for Applicants, including Attachments;
  2. Application Form – available at Jems;
  3. Annexes;
  4. Annex C: Subsidy contract.