На 11 март 2024 година, во соработка помеѓу Националната орган - Министерството за локална самоуправа и Заедничкиот секретаријат на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија, беше организирана обука за бенефициентите на стратешкиот проект „Воспоставување на нов граничен премин Берово - Стумјани („Клепало“) помеѓу Бугарија и Северна Македонија“.
За време на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со различни аспекти од спроведувањето на проектот. Опфатените теми вклучуваа техничка имплементација, известување, мониторинг, измена на договорот, финансиско управување, јавни набавки, како и идентификување на вообичаени грешки, неправилности и измами. Понатаму, учесниците беа запознаени со работата во системот JeMS, како и со процесот на верификација, информации и видливост.
Претставниците на македонскиот бенефициент, Царинската управа, имаа активна улога во обуката, со можност да поставуваат прашања и да дискутираат за сите аспекти поврзани со реализацијата на проектот.
Оваа обука беше важен чекор во имплементацијата на проектот, кој ќе придонесе за успешна изградба и рехабилитација на граничниот премин „Клепало“, стимулирајќи ја соработката меѓу Бугарија и Северна Македонија.