На 9-ти февруари 2024 година се одржа четвртото заседание на Стратешкиот одбор на територијалната стратегија по приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“. Со состанокот претседаваше г-дин Живко Иванов, а копретседаваше г-ѓа Андреа Златковска.
За време на заседанието, членовите на Стратешкиот одбор го одобрија Збирниот извештај за процесот на идентификација спроведен во рамки на Првиот повик за концептни идеи во рамките на територијалната стратегија напрограмата Interreg VI-A ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027 и списокот од 8 идентификувани концептни идеи, вклучувајќи ги и 3-те резервни концептни идеи кои стануваат дел од Територијалната стратегија.
На крајот од заседанието, представници на Управуваѝкиот орган презентираа преглед на целиот процес за идентификација и склучување договор на предлог проектите поднесени во рмки на Територијалната стратегија на програмата, вклучително и информации за Насоките за разработка и доставување на целосни предлог проекти.