Заврши Информативната кампања по првиот повик за аплицирање со проектни концепти

Заврши Информативната кампања по првиот повик за аплицирање со проектни концепти

pic

Успешно заврши Информативната кампања со информативни денови за потенцијални кандидати по првиот повик за аплицирање со проектни концепти на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија. Целта на спроведените обуки беше да се разјаснат на потенцијалните кандидати основните барања за развој на проектните концепти и да им бидат дадени практични совети за подготовка на сите документи за апликација.

Информативните денови за потенцијални кандидати беа резлизирани на следните дати и места:

  • на 30-ти мај 2023 год. во Благоевград;
  • на 01-ви јуни 2023 год. во Кочани.

Обуките беа организирани и спроведени од Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија во соработка со Управувачкиот Орган на Програмата - Дирекцијата "Управување на територијалната соработка", Министерство за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

На Информативните денови присуствуваа над 150 учесници, меѓу кои претставници на регионални администрации, општини, НВО, културни и образовни институции.