Се одржа 3-тата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027
На 13-ти ноември 2023 година, во Софија се одржа 3-тата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот претседаваше г-ѓа Ангелина Бонева, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и копретседаваше г-дин Вулнет Арифи раководител на сектор за ЕУ програми во министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија
На присутните им се обрати г-ѓа Габи Хагмулер, претставник на Европската комисија.