На 27 мај 2025 година, во градот Сандански, Република Бугарија, се одржа петтата седница на Комитетот за следење на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021–2027.
Седницата беше претседавана од г-ѓа Јура Јорданова-Витанова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, и г-дин Стефан Вангелски, национален координатор за прекугранична соработка во Министерството за локална самоуправа.
Учесниците беа поздравени од г-ѓа Габи Хагмулер, претставничка на Генералниот директорат за регионална и урбана политика на Европската комисија, која се вклучи онлајн и ја истакна стратешката важност на програмата за зајакнување на прекуграничната соработка и европската интеграција во регионот.
Во рамки на седницата беа усвоени неколку клучни документи и одлуки:
Пакетот со насоки за аплицирање и правилата за оценување во рамки на Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“, Специфична цел 1: „Јакнење на конкурентноста на локалната економија и подобрување на деловното опкружување“;
Извештајот од оценување за ограничениот повик за предлог-проекти за управување со Територијалната стратегија, со референтен број 2021TC16IPCB006–2024–4, под Приоритет 3;
Предлог за наддоговорирање во рамки на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија – Северна Македонија.
На седницата беше објавено дека Повикот за аплицирање наменет за мали и средни претпријатија (МСП) во рамки на Приоритет 3, Специфична цел 1, ќе биде официјално објавен на 2 јуни 2025 година.
Дополнително, беа презентирани:
Општ преглед на договорените проекти по Приоритет 3, Специфична цел 2: „Поттикнување на интегриран и инклузивен социјален, економски и еколошки локален развој, култура, природно наследство, одржлив туризам и безбедност во подрачја надвор од урбаните средини“;
Напредок во спроведувањето на договорените проекти по Приоритет 1: „Позелен граничен регион“;
Напредок на стратешкиот проект по Приоритет 2: „Попреврзан граничен регион“;
Извештаи за активностите за Техничка помош за 2024 година, презентирани од Управувачкиот орган и Националниот орган на Програмата.
Седницата се одвиваше во конструктивна и продуктивна атмосфера, при што беше потврдена силната заложба на сите партнери за успешно спроведување на програмата и остварување на заедничките цели за развој на прекуграничниот регион.