На 24 март 2025 година, во Штип се одржа петтото заседание на Стратегискиот совет на Територијалната стратегија на Програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027.
Заседанието започна со изразување на сочувство за жртвите од трагедијата во Кочани, по што следеа воведни обраќања од копретседавачите на Стратегискиот совет, претставниците на Управувачкиот и Националниот орган, како и Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Во рамките на дневниот ред беше презентирана концепцијата на Повикот за директна поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) во рамките на Приоритет 3 од Територијалната стратегија. Во тек на презентацијата, членовите на Советот имаа конструктивна дискусија во врска со условите на оваа покана, кои беа дополнително прецизирани. Како резултат на дискусијата беа одобрени условите за аплицирање, а Советот постигна консензуален договор за понатамошниот развој на правилата за учество на заинтересираните МСП.
Овој Повик за аплицирање за микро, мали и средни претпријатија со вкупен буџет од 4 990 345 евра, ќе биде објавена на почетокот на јуни 2025 и ќе има за цел да поддржи активности за технолошка модернизација со опрема, кои ќе придонесат за поеколошки, дигитализиран и поконкурентен бизнис. Дополнително, ќе се стимулираат стекнување нови знаења и вештини, како и развој на иновативни производи и подобрен пристап до пазарите преку маркетинг, претприемништво и интернационализација.
Покрај дискусијата за повикот за МСП, беше претставен и Проектот за управување со Територијалната стратегија, кој има за цел: подобрување на механизмите за координација и имплементација, поедноставување на административните процедури, засилена поддршка за корисниците на програмата.
Дополнително, беше презентиран статусот на имплементацијата на Програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија, при што беше представен напредокот во реализацијата на тековните проекти по сите три приоритета на Програмата,
Заседанието заврши со конструктивна дискусија и утврдување на следните чекори за ефективна реализација на Територијалната стратегија на Програмата.