Проект: „Зелен пулс во прекуграничниот регион“ / Референтен број BGMK0300051
ОБЈАВА
Тендерска постапка за „Изградба и уредување на парк со зелена инфраструктура во Струмица - Уредување на парк со зелена инфраструктура во населба „Карпош“, Струмица (Хортикултурно и партерно уредување и поставување на енергетски-ефикасно осветлување)”
Референтен број: BGMK0300051/PP2/1
Tендерска постапка за изведување на градежни работи со отворена локална процедура
Општина Струмица започнува тендерска постапка за доделување на договор за изведување на градежни работи за „Изградба и уредување на парк со зелена инфраструктура во Струмица - Уредување на парк со зелена инфраструктура во населба „Карпош“, Струмица (Хортикултурно и партерно уредување и поставување на енергетски-ефикасно осветлување)”, финансирана преку Интеррег-ИПА (VI-A) Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027. Тендерското досие е достапно за увид на веб-страницата на ИПА Програмата и на веб-страницата на Општина Струмица, како што следува:
https://strumica.gov.mk/
Дополнително, сите потребни информации за објавувањето на тендерската постапка ќе се објават и во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Крајниот рок за доставување на понудите е 21.02.2025, 15:00 часот (локално време).
Евентуални дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе бидат објавени на веб-страницата на ИПА Програмата и на веб-страницата на Договорниот орган (Општина Струмица).
Тендерската документација е достапна ТУКА
Договорниот орган е надлежен орган за давање појаснувања во врска со тендерската постапка.