Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА програмата Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 CCI 2021TC16IPCB006 објавува јавен оглас за следната работна позиција:
1 (eден) експерт за инфраструктура и мониторинг во рамки на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА програмата Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2021TC16IPCB006
Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- Мотивациско писмо на англиски јазик;
- Кратка биографија (CV), на англиски јазик;
- Копија од диплома (универзитетска диплома од полето на архитектура, градежно инженерство или други релевантни стручни науки (минимум 240 EKTC, или VII/1 степен);
- Треба да се достават фотокопии од оригинални документи со кои се потврдува работното искуство наведено во нивната биографија. Документите треба да се достават на следната е-маил адреса: info.mls.bgmk@gmail.com
Краен рок за аплицирање: Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за апликација преку е- пошта најдоцна до 20 ноември 2024 година најдоцна до 14:00 часот. Кандидатите кои ќе бидат избрани да присуствуваат на интервју, потребно е да донесат печатена копија од горенаведените документи, кои ги доставиле по електронски пат.