Почитувани проектни партнери,
Со цел да се обезбеди непречено одвивање на процесот на затворање на Interreg ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2014-2020, Управувачкиот орган го разработи следниот распоред и рокови во врска со процесот на верификација на пријавените расходи од страна на бенефициентите по завршувањето на имплементација на проектите:
∙ Краен рок за поднесување барања за прво ниво на контрола (FLC) од страна на бенефициентите – 10.01.2024 година;
∙ Одобрување на Извештаите за напредокот на проектите од страна на Заедничкиот секретаријат – 31.01.2024 година;
∙ Подготовка и поднесување на барања за плаќање од страна на водечките бенефициенти до Управувачкиот орган – 31.03.2024 година;
∙ Верификација на трошоците од страна на Управувачкиот орган – 31.05.2024 година.
Роковите погоре се на ниво на програма. Секој проектен партнер треба да ги следи роковите за изготвување и доставување на извештаите според соодветниот проект и договорот за грант (кои во повеќето случаи се порано).
Ве молиме, преземете ги сите неопходни активности од Ваша страна за навремено доставување на извештаите (не во последниот ден од рокот) и со потребниот квалитет. Ако имате какви било прашања, проблеми и нејаснотии во врска со извештаите, контактирајте ги УО, ЗС или НО.
Најубави желби за успешен крај на годината!