25.07.2023
Вкупно 24 проектни концепти се пријавени на првиот повик од Територијалната стратегија на Програмата Бугарија-Северна Македонија 2021-2027 година. Повикот беше фокусиран на проектни идеи во областа на развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со користење на паметни решенија. По добивањето на зелено светло од Стратешкиот одбор, сите одобрени кандидати ќе бидат поканети да ги поднесат целосните предлог проекти.