На 28 март 2023 година, во Софија се одржа вториот состанок на Стратешкиот одбор на територијалната стратегија во рамките на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 - 2027.
Состанокот го водеа претседавачот г-дин Илко Стојанов - градоначалник на општина Благоевград и копретседавачот г-ѓа Андреа Златковска од Источниот плански регион. Пред присутните се обратија претставниците на Управниот орган (УО) г-ѓа Десислава Георгиева - заменик министер за регионален развој и јавни работи и Татјана Јаневска од Министерството за локална самоуправа - Национален орган (НО) на Програмата.
На оваа седница членовите на Стратешкиот совет ја разгледаа и ја усвоија Методологијата за идентификација на концепти на предлог проекти, нацрт Упатството за отворен повик за аплицирање со концепти на предлог проекти, создавање на Проект за управување со имплементацијата на територијалната стратегија и дискутираа за други прашања поврзани со функционирањето на Стратешкиот совет.