Куманово - нов живот за саканиот парк

Куманово - нов живот за саканиот парк

Kumanovo

Над половина милион евра е планираниот буџет на проектот за подобрувања зелените простори во Куманово и Ќустендил - инвестиција што ги става луѓето во центарот на промените. Вистинската вредност на овој проект лежи не само во новите објекти и реновирањата, туку и во можностите што ги создава за жителите на овие два прекрасни града, како и во подобрувањето на нивниот квалитет на живот. 

Жителите на Куманово имаат потреба од места каде што ќе го поминуваат слободното време, ќе спортуваат, ќе се среќаваат со пријатели и ќе создаваат спомени со своите семејства. Затоа фокусот на проектот е на модернизација на јавната инфраструктура, создавање и реновирање на зелени површини и подобрување на пристапот до јавните услуги. Според локалните жители, нивниот парк бил заборавен со децении и бил во непријатна состојба, поради што луѓето не сакале да го посетуваат. Ова го прави неговото реновирање како еден од највидливите резултати - со нови патеки, модерно и енергетски ефикасно осветлување, рекреативни и спортски површини. 

Паркот е резултат на прекугранична соработка и се спроведува во рамките на програмата Interreg VI-A IPA Бугарија - Северна Македонија 2021-2027, со учество на Општина Куманово, Општина Ќустендил и Центарот за развој на Североисточниот плански регион. Но, ова е само дел од еден голем проект: 

📍 Во Ќустендил треба да се реновираат две зелени урбани зони, екопаркот „Езерата“ ќе се реновира со изградба на нови едукативни изложбени простори, ботаничка алеја и уредување, и на крај, но не и најмалку важно - создавање рекреативна зона во централниот дел од градот. 

📍 Вкупно 5 урбани простори ќе бидат реновирани и уредени во Куманово: 

• Бул. „Октомвриска револуција“ со 330 нови дрвја 

• Бул. „Трета МУБ“ – 180 нови дрвја 

• Нова зелена површина и парк во средното училиште „Перо Наков“ 

• Уредување на плоштадот „Маршал Тито“ 

• Подобрување на зелените површини во дворот на училиштето „Проф. Мијалковиќ“ 

Имплементираните активности се важен чекор кон помодерен, одржлив и привлечен регион, во кој соработката меѓу заедниците носи вистински резултати, правејќи го секојдневниот живот на жителите поубав! 

Куманово го заслужува тоа!