Министерството за локална самоуправа, во својство на национален орган за Interreg програмите за прекугранична соработка, го започна циклусот на регионални консултации во рамки на подготовката на новите програми за програмскиот период 2028–2034 година.
Регионалните консултации во Куманово се одржаа во Занаетчискиот дом и беа посветени на идниот развој на Interreg IPA програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Фокусот беше ставен на идентификување на потребите и потенцијалите за соработка во прекуграничниот регион, како и на утврдување на приоритетите за следниот програмски период.
На настанот присуствуваа над 50 претставници од општини, институции, плански региони и граѓански организации од источниот дел на Северна Македонија, кои активно учествуваа во дискусијата и дадоа конкретни предлози и насоки за идниот развој на програмата.
Консултациите имаат за цел да ги запознаат релевантните чинители со почетните нацрт-документи и приоритети, како и да обезбедат нивно активно вклучување во процесот на програмирање.
Процесот на консултации ќе продолжи и во наредниот период, со цел креирање на ефективна и одржлива програма која ќе одговори на реалните потреби на прекуграничниот регион.