Министерството за локална самоуправа, во улога на Национален орган го започнува процесот на регионални консултации со засегнатите страни за подготовка на новите програмски документи за периодот 2028–2034 година.
Овие средби имаат за цел да им овозможат на претставниците на локалните заедници – јавни институции, културни организации, невладин сектор и бизнис заедницата – да се запознаат со почетните нацрт-верзии на програмите и утврдените приоритети, како и активно да придонесат со свои предлози и идеи во процесот на нивно креирање.
Првата консултативна средба ќе се одржи во Куманово, со следниве детали:
📍 Локација: Занаетчиски дом, Плоштад Нова Југославија, Куманово
📅 Датум: 29 април 2026 година (среда)
🕛 Време: 12:00 часот
🔗 Пријава: РЕГИСТРАЦИЈА
Средбата во Куманово ќе биде посветена пред сè на идниот развој на Interreg IPA програмата за прекугранична соработка со Бугарија, со фокус на идентификување на потребите и потенцијалите за заеднички развој во прекуграничниот регион.